Пред македонските М18 и М20 репрезентации летово е настап во најсилната конкуренција во младите категории, ЕХФ Еуро. Двата наши тима се изборија за привилегијата да играат против најдобрите, но сега кога таа цел е остварена се поставуваат нови. Примарно да се обезбеди континуитетот.
М20 екипата го игра својот полседен шампионат и за нив (по)следно во оваа ворасна категорија ќе биде СП У21 што ќе се одржи следната година.
Пласман на мундијалот се обезбедува преку ЕХФ Еуро, редоследно најдобропласираните ќе играат на СП 2025.
Ова се првите младински Европски првенства што ќе се играат со 24 репрезентации. Секоја репрезентација ќе одигра по осум натпревари меѓу кои ќе има само три слободни денови.
Ова пак значи дека физичката подготовка и ширината на ростерот ќе бидат еден од најважните фактори за постигнување на добар резултат.
Добро е што овој податок се знае четири месеци однапред. Со други зборови не само селекторите туку и сите играчи што се на списокот индивидуално ќе треба да ги засукаат ракавите, да го пуштат training mode на најјако и во јули да бидат топ физички спремни.
Време има доволно, изјави од типот не стигна уморот - ќе значат дека самите си се виновни.
М20 репрезентацијата ќе се натпреварува на ЕХФ Еуро во Словенија. Нивниот распоред на натпревари во Прелиминарниот дел од првенството изгледа вака:
1 КОЛО:
Македонија - Хрватска
Ц. Гора - Австрија
2. КОЛО
Македонија - Ц. Гора
Австрија - Хрватска
СЛОБОДЕН ДЕН
3. КОЛО
Македонија - Австрија
Ц. Гора - Хрватска
М20 ЕХФ ЕУРО – СЛОВЕНИЈА 2024
ГРУПА А: Македонија, Австрија, Хрватска, Ц. Гора
ГРУПА Б: Грција, Србија, Германија, Португалија
ГРУПА Ц: Швајцарија, Франција, Шпанија, Ф. Острови
ГРУПА Д: Романија, Чешка, Унгарија, Норвешка
ГРУПА Е: Израел, Италија, Данска, Словенија
ГРУПА Ф: Украина, Полска, Шведска, Исланд
М18 репрезентацијата има поголема одговорност. Тие се борат и за својот опстанот во елитата и мора да бидат под 22 место за по две години одново да ги видиме на ЕХФ ЕУРО.
Нивниот распоред на натпревари е следниов:
1 КОЛО:
Македонија - Германија
Франција - Полска
2. КОЛО
Македонија - Франција
Германија - Полска
СЛОБОДЕН ДЕН
3. КОЛО
Македонија - Полска
Франција - Германија
М18 ЕХФ ЕУРО - ЦРНА ГОРА 2024
ГРУПА А: Грција, Србија, Хрватска, Словенија
ГРУПА Б: Македонија, Полска, Германија, Франција
ГРУПА Ц: Украина, Чешка, Данска, Норвешка
ГРУПА Д: Израел, Швајцарија, Шведска, Португалија
ГРУПА Е: Романија, Австрија, Шпанија, Португалија
ГРУПА Ф: Италија, Ф. Острови, Исланд, Ц. Гора
Поврзани вести