Македонски судии во полуфинале на Заливскиот шампионат

Голема чест и одговорност за македонската судиска двојка Исмаил Металари и Ненад Николовски. Нашите судии ќе го судат полуфиналето од Заливскиот клупски шампионат на кој учествуваат екипи од Катар, Кувајт, Бахреин... 
Заливскиот клупски шампионат се одржува во Доха, а натпреварите се играат во Духаил Спорт Арена, една од салите што беше користена за Светското првенство во 2015, досега најдоброорганизираниот ракометен мундијал. 

Полуфиналето што ќе го суди младата македонска двојка е меѓу екипите на Ал Араби (Катар) и Ал Кувајт (Кувајт), меч што има епитет финале пред финалето. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk