Кузмановски му даде 17 гола на Пролет!

Актуелниот шампион Е. Пелистер одигра уште еден интересен натпревар и освои нови бодови денеска. Битолчани очекувано го совладаа скопскиот тим Т. Пролет со 32-29 во натпревар во кој во финишот и овој пат се „тресеа“ за бодовите затоа што Пролет од минус пет во првиот дел, во финипот беше блиску (25-25, 27-29, 29-31). 
Но, целата битка останува во сенка на остварувањето на Филип Кузмановски кој денеска на Пролет му даде дури 17 гола. Поголемиот дел од нив беа од седмерец, но сеедно, од пенал линијата Кузмановски шутираше 11/11. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk