РК МУЛТИ ЕСЕНС - РК Е. ПЕЛИСТЕР 2 32-28 (17:15)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски. Делегат: Марјан Огњановски
РК МУЛТИ ЕСЕНС: Ерманоски, Димевски 4, Костовски 7, Илиески 7, Насевски, Д. Узунчев 5, Петрески, Трајчев, Омерагиќ, Цветковски, Иваноски 6, Трајковски, Тодески, Т. Узунчев, Јорданов, Стојчевиќ 3
Седмерци: 5/6 Исклучувања: 8 мин.
РК Е. ПЕЛИСТЕР 2: Печурица, Маркоски 4, Мијушковиќ 6, Трпчевски, Младенов, Митревски, Ивановски 3, Димовски, Талевски 1, Димитровски 2, Калајџиески, Пецаковски, Гичев, Белистојаноски 3, Југовски 4, Хаџиќ 5
Седмерци: 4/5 Исклучувања: 10 мин.
Мулти Есенс го совлада тимот на Е. Пелистер 2 и ја направи уште поинтересна битката за опстанок што ќе се води во суперлигашкиот Плејаут. Избраниците на Миле Бочкароски ја запишаа втората плејаут победа и стигнаа до седум бода. А во следното коло ќе добијат и службени три бода.
Гостинскиот состав предводен од интернационалецот Мијушковиќ за нијанса подобро го отвори мечот и поведе со 3-1, но Мулти Есенс преку Илиески и Костовски израмни, а тоа беше вовед во серија од 5-1 со која поведе со 6-4 и ја презема иницијативата.
Битолчани намалија на 5-6, по што следеше уште една серија на домашните за водство од 10-6. До крајот на полувремето Мулти Есенс контролираше сѐ на теренот, имаше водство и од 17-12, но во финишот примија три гола поред и на одмор се замина со резулат 17-15 и шанса за битолчани да направат кам бек.
Но, на почетокот на второто полувреме одново доминираше Мулти Есенс. Брзо ја вратија разликата од плус пет (23-18), а потоа поведоа и со 27-20, па 28-21 на десет минути до крајот.
Потоа повеќе рутински домашниот состав го однесе мечот со сигурна завршница.
Во следното коло, Мулти Есенс ќе добие службени бодови од предвидениот меч со Аеродром, додека Е. Пелистер 2 на домашен терен ќе игра со Скопје 2020.