По каков систем ќе играат јуниорите и кадетите на ЕП 2024

Македонските млади репрезентации кадети и јуниори односно М18 и М20 ги добија противниците за следните ЕХФ Еуро настапи, првенства што ќе се одржат летово во Црна Гора (М18) и во Словенија (М20). 
Ова се првите Европски првенства што ќе се играат во млади категории, а ќе имаат по 24 репрезентации. 

Системот по кој ќе се играат првенствата е комплициран и специјално дизајниран за европско првенство во млади категории со 24 репрезентации. 

Ракометниот портал G-sport.mk ексклузивно ви ги презентира деталите околу системот на натпреварување и начинот на кој се обезбедува пласман или опстанок во следниот циклус на младинските ЕХФ Еуро првенства. 

Важи за ЕХФ Еуро М18 и ЕХФ Еуро М20

На почетокот на првенството со ждрепка екипите се поделени во шест групи со по четири репрезентации (А, Б, Ц, Д, Е, Ф).
За полесно да го разберете системот на натпреварување, внимавајте, во продолжение групите А, Б, Ц ќе ги водиме како Група 1, а групите Д, Е, Ф како Група 2. 

Пласаман од 1 до 8 место
Во Прелиминарната фаза се игра по round robin system односно тимовите играат секој со секого. Победниците од сите шест групи и два најдобро второпласирани тима ќе продолжат во Топ 8. 
Најдобро второпласиран тим ќе се бира на следниот начин. Најдобро второпласиран од Групата 1 (А,Б,Ц) и најдобро-второпласиран од Група 2 (Д, Е, Ф). Во предвид се земаат сите резултати во групата. 
Потоа победниците од Групата 1 (А, Б, Ц) и најдобрата второпласирана од Група 2 (Д, Е, Ф), ќе формираат група со четири екипи. 
Победниците од Групата 2 и најдобро-второпласирана од Групата 1 формираат група од четири екипи. 
Четри екипи вкрстуваат во полуфинале. 
Другите четири вкрстуваат во дуели за пласман од 5-8 место. 

Плaсман од 9 до 16 место
Четирите послабо второпласирани од сите групи и четири подобро третопласирани репрезентации ќе ги формираат групите за пласман од 9 до 16 место. 
Принципот останува ист. Две најдобро третопласирани од групата 1 и две најдобро третопласирани од групата 2 ќе им се приклучат на четирите послабо второпласирани во битката за место од 9 до 16. Вкрстуваат по принципот „полуфинале“ се до добивање на конечен пласман. 

Пласман од 17-24 место
За пласман од 17 до 24 место ќе се игра по сличен принцип. Најслабата третопласирана репрезентација од Групата 2 (Д, Е, Ф) ќе формира група со трите четвртопласирани (последни) од Групата 1 (А, Б, Ц). Најслабата третопласирана од групата 1, пак, ќе формира група со последнопласираните три екипи од Групата 2.
Овие групи ќе имаат имиња К и Л.
Потоа овие две групи вкрстуваат по истиот принцип одосно К1-Л2, К2-Л1. Победниците ќе играат за пласман на 17 место, а поразените за пласман на19 место. 
Победниците и поразените, пак, од паровите К3-Л4 и К4-Л3 ќе играат за пласман на 21 и 23 место.  

Испаѓање и опстанок

ВАЖИ ЗА М18 - 2026

Најдобрите осум земји според ранкингот добиваат директно место на следното М18 ЕХФ Еуро што ќе се игра во 2026 година. Домаќинот на ЕХФ Еуро, ако не е меѓу осумте исто така добива директно место. 
Сите други репрезентации ќе играат квалификации што ќе се играат во групи од по четири репрезентации. 

ВАЖИ ЗА М20 - 2026
Репрезентациите што на М18 ЕХФ Еуро 2024 Црна Гора ќе се пласираат до 21 место обезбедуваат директен пласман на следното М20 ЕХФ Еуро. Репрезентациите што ќе се пласираат на 22, 23 и 24 место испаѓаат од ЕХФ Еуро и следната сезона ќе играат во ЕХФ Шампионати. 
Ако, пак, домаќинот на ЕХФ Еуро М20 во 2026 година не е меѓу првите 21 тимови од М18, тогаш позициите се поместуваат и репрезентациите од 21, 22, 23 и 24 место ќе испаднат од ЕХФ Еуро и ќе играат во понизок ранг (ЕХФ Шампионат) следната сезона. 

ВАЖИ ЗА СП У19 и СП У21
Во зависност од бројот на местата што се достапни за Европа на Светско првенство, ЕХФ ќе ги испраќа/квалификува репрезентациите на мундијалот според пласманот на М18 односно М20. 

М20 ЕХФ ЕУРО – СЛОВЕНИЈА 2024
Група 1

ГРУПА А: Македонија, Австрија, Хрватска, Ц. Гора
ГРУПА Б: Грција, Србија, Германија, Португалија
ГРУПА Ц: Швајцарија, Франција, Шпанија, Ф. Острови
Група 2
ГРУПА Д: Романија, Чешка, Унгарија, Норвешка
ГРУПА Е: Израел, Италија, Данска, Словенија
ГРУПА Ф: Украина, Полска, Шведска, Исланд

М18 ЕХФ ЕУРО - ЦРНА ГОРА 2024
Група 1

ГРУПА А: Грција, Србија, Хрватска, Словенија
ГРУПА Б: Македонија, Полска, Германија, Франција
ГРУПА Ц: Украина, Чешка, Данска, Норвешка
Група 2
ГРУПА Д: Израел, Швајцарија, Шведска, Португалија
ГРУПА Е: Романија, Австрија, Шпанија, Португалија
ГРУПА Ф: Италија, Ф. Острови, Исланд, Ц. Гора

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk