Женската репрезентација на Македонија замина во Шпанија каде што ќе го игра реванш натпреварот со фаворитот во групата во рамките на четвртото коло од квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2024 што ќе се одржи во Швајцарија, Австрија и Унгарија.
Македонија на овој натпревар ќе има улога на аутсајдер, разликата во квалитет можевме да ја видиме и на натпреварот во Скопје, а селекторот Кристијан Грчевски кој најави дека шанса ќе добијат помлади играчи во Шпанија нема да смета на Елена Ѓоргиевска, Јована Саздовска и на голманот Слободанка Кицеска.
Натпреварот меѓу Македонија и Шпанија ќе се игра утре со почеток од 18:00 часот. Утре, пак, со почеток од 15:00 часот ќе се сретнат и репрезентациите на Литванија и Азербејџан.