Ништо од СП во Саудиска Арабија

Европските ракометни земји што не сакаат Блискиот исток да стане посериозен играч на ракометните терени можат да здивнат. ИХФ ги објави номинациите за домаќини на СП 2029 и 2031, а меѓу нив ја нема Саудиска Арабија како што беше најавувано и очекувано. 
За помалите ракометни земји, пак, изостанува своевеиден организациски спектакл имајќи го во предвид мундијалот од 2015 во Катар, кој постави шоу со највисоки организиациски граници, што тешко дека некогаш ќе можат да го достигнат европските земји. 

Со оглед на тоа дека само по еден кандидат има за двата мундијала, веројатно нема да погрешиме ако кажеме дека Светските првенства во 2029/2031 ќе се одржат во Данска/Исланд/Норвешка и во Франција/Германија. Кое првенство каде ќе се одржува ќе дознаеме во април, но поверојатно е 2029 да биде скандинавското затоа што во 2027 Германија ќе биде самостоен домаќин на СП, а досега не се случило една земја две години или двапати по ред да биде домаќин на машки мундијал. 

Што се однесува до женските Светски првенства во 2029 и 2031, Шпанија е единственио кандидат за СП 2029, а Полска и Чешка единствените кандидати за домаќини во 2031. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk