ПСЖ не го дава Шипжак

Пари Сен Жермен ја продолжи соработката со полскиот пивот Камил Шипжак (32) до јуни 2027 година. Овој 207 сантиметри висок пивот е во моментов најдобриот стрелец во француското првенство и има изгледни шанси да стане првиот пивот кој бил најдобар стрелец во Лигата на шампионите со оглед на тоа дека во моментов е на четвртото место на листата на стрелци во ЛШ, а ќе има повеќе натпревари од конкурентите кои во моментов се пред него. 

Шипжак во ПСЖ дојде во 2019 од редовите на Барселона, а претходно играше за екипата на Висла Плоцк. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk