Новиот селектор си носи „скенер“ од Исланд

Со голема помпа беше дочекан Дагур Сигурдсон на кормилото на репрезентацијата на Хрватска. Разбирливо, големо тренерско име доаѓа на клупата на голема репрезентација и уште станува прв странец во историјата што ја водел. 

Новитети во поглед на странците и натаму ќе има. Дагур Сигурдсон во првиот бран реши за аналитичар и асистент да го земе Гунар Магнусон кој има големо искуство во тоа поле работејќи за исландскиот состав.

Домашен асистент ќе му биде Денис Шпољариќ. Поранешниот дефанзивен ас на Хрватска своевремено играше под команда на Сигурдсон во Фуксе Берлин, па така си има свој и меѓу Хрватите новиот селектор. 

Првиот голем тест ќе бидат олимписките квалификации што ќе се играат во Германија. Хрватска е таму покрај домашната репрезентација, Алжир и многу непријатниот тим на Австрија. 
Две репреентации ќе патуваат на ОИ Париз

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk