Загреб го сруши ПСЖ, Колстад е аут од ЛШ

Двете екипи што ќе завршат со своите настапи во Лигата на шампионите следната недела од групата „А“ се екипите на Колстад и Е. Пелистер. 
Битолчани уверливо со 13 од 13 ќе патуваат на последното гостување, токму кај Колстад. Норвежаните кои едновреме беа ословувани како дрим тим вечерва се поразени од десеткуваниот Келце (имаа само 10 играчи и 3 голмани Полјаците) и со тоа математички ги загубија шансите да го стигнат и престигнат Загреб и да се протнат во квалификациите. 
Загреб од друга страна им приреди војна на ракометарите на Пари Сен Жермен. Вистинска војна се водеше во Арена пред нешто помлку од 15.000 гледачи. Загреб фанатично се бореше имаше два гола плус, но по влегувањето на Палицка и Соле во игра, ПСЖ направи пресврт со серија од 4-0 и на три минути до крајот имаше водство од 26-24. 
Што му требаше на Раул Гонзалез да игра 7 на 6 во тие моменти само тој знае, но тоа го чинеше пресврт во кој два гола беа од гол на гол, за конечни 28-26 за Загреб. 

РЕЗУЛТАТИ
Загреб - ПСЖ  28-26
Келце - Колстад 31-23
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk