МАКЕДОНИЈА - ШПАНИЈА 19-31 (11-17)
Сала: „Борис Трајковски“ во Скопје. Судии: Стефан Ивановиќ и Марко Вујисиќ од Црна Гора
МАКЕДОНИЈА: Петковска, Мицевска, Кицеска, Гакидова, Коларовска, Џатевска 1, Ѓоргиевска 1, Јанкуловска, Кипријановска 4, Седлоска 1, Арсениевска, Ристовска 6, Маџовска 3, САздовска 1, Гичевска 1, Дамјаноска 1
Седмерци: 2/3 Исклучувања: 10 мин.
ШПАНИЈА: Лопез 3, Кастељанос, Кампос, Ардериус 2, Касарео 1, Ечеверија 1, Гонзалез 2, Делгадо, Лопез 2, Гасама 2, Зогби, Ембенге 3, Прието 5, Чапчет, Аркос 5, Барбоса 7
Седмерци: 7/7 Исклучувања: 14мин.
Женската репрезентација на Македонија вечерва беше поразена од соодветната репрезентација на Шпанија во третото коло од квалификациите за ЕП 2024.
Епилогот беше очекуван, се работи за репрезентации кои најблаго кажано се во различни „шешири“.
Согласно рејтингот се одвиваа и настаните на теренот. Шпанија ја презема контролната уште од почетокот на натпреварот, поведе со 6-2 по десет минути игра, а потоа следеше период на најдобра игра на македонскиот состав, па во следните 15 минути прво намаливме на минус два, а потоа ја одржувавме таа негатива.
Пад на концентрацијата и дисциплината во последните шест минути ја чинеа Македонија враќање на голем минус, серија од 5-1 со која од 10-12 на 11-17 дојде до полувреме противникот.
Грото од овие голови беа постигнати лесно, од контра напади по грешки и нерелизирани напади на нашиот тим.
Воведните 10 минути од второто полувреме беа најслабиот дел на македонските ракометарки. Технички грешки во додавања, безидејност и неуспех во следењето на ритамот доведоа и до отворено негодување на публиката во „Борис Трајковски“. Шпанија беше побрза, поподвижна, знаеше што игра и по шест минути беше 10 гола разлика, а првиот гол Македонија го постигн во 39 минута за намалување на 12-23.
Потоа одново се воспостави рамнотежа, Македонија во 47 минута беше „само“ на минус 10 (14-24), а потоа намали и на 15-24, по што Мартин Амброс побара тајм аут.
Голманката Петковска имаше неколку интеревенции што беа наградени од публиката и малку ја поправија сликата за нашиот тим
Овој натпревар беше судир со поинаква реалност од таа во првите две кола. Добрата вест за нашиот тим е што пласманот на ЕП е речиси обезбеден и не зависи од дуелите со Шпанија.
Нашата работа ќе треба да ја завршиме на дуелите со Азербејџан и Литванија и времето што ќе остане до декември да биде квалитетно потрошено на подготовки и заеднички и индивидуални, затоа што на ЕП ќе има противници што се поубиствени, побрзи и подобро обучени од шпанските.
Лошата вест е што дотогаш, ќе треба уште еднаш да го преживееме истово од вечерва, на 3 март на терен на Шпанија.
Поврзани вести