Јуниорите на тежок испит на ЕП 2024

Македонската јуниорска репрезентација летово ќе настапи на ЕХФ ЕУРО 2024 (М20), првенство што ќе се одржи во Словенија, во градот Целје во периодот од 10-21.7.2024.
Поради еднаквиот рејтинг на репрезентации кои се пласираа како второпласирани oд квалификациите, Македонија, Чешка и Австрија беа трите репрезентации што со ждрепка беа одредени во кој шешир ќе бидат. Две преминаа во третиот, една заврши во четвртиот шешир.
За жал, Македонија беше малерозната репрезентација која заврши во четвртиот шешир. Но, Австрија подоцна падна во групата со Македонија, па балансот одново беше воспоставен. 
Потоа се премина на ждрепката за Прелиминарниот дел, а таму противници на момците на Раде Стојановиќ станаа следниве екипи.


М20 ЕХФ ЕУРО – СЛОВЕНИЈА 2024

ГРУПА А: Македонија, Австрија, Хрватска, Ц. Гора
ГРУПА Б: Грција, Србија, Германија, Португалија
ГРУПА Ц: Швајцарија, Франција, Шпанија, Ф. Острови
ГРУПА Д: Романија, Чешка, Унгарија, Норвешка
ГРУПА Е: Израел, Италија, Данска, Словенија
ГРУПА Ф: Украина, Полска, Шведска, Исланд
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk