Кадетите ги дознаа противниците за ЕП 2024

Исто како и сениорите во јануари и кадетите ќе бидат на ЕП во иста група со Германија и Франција. Полска е третиот противник.

Македонската кадетска репрезентација Македонија летово ќе настапи на ЕХФ Еуро 2024 (М18), првенство што ќе се организира во Црна Гора. Првенството ќе се игра во период од  7-18.8.2024. 
Ракометарите на Наум Танески во ранкингот беа во последниот шешир и следствено противниците што го добија се поквалитетни, а изборот на посакувани, многу помал. 
На М18 EHF EURO 2024 ќе настапат 24 репрезентации кои ќе бидат поделени во шест групи по четири селекции


М18 ЕХФ ЕУРО - ЦРНА ГОРА 2024

ГРУПА А: Грција, Србија, Хрватска, Словенија
ГРУПА Б: Македонија, Полска, Германија, Франција
ГРУПА Ц: Украина, Чешка, Данска, Норвешка
ГРУПА Д: Израел, Швајцарија, Шведска, Португалија
ГРУПА Е: Романија, Австрија, Шпанија, Португалија
ГРУПА Ф: Италија, Ф. Острови, Исланд, Ц. Гора


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk