Заврши сезоната и за Симон Сичко

Келце и оваа сезона не може да блесне во полна сила, затоа што екипата уште од почетокот на сезоната е следена од голем број на повреди што дури ги тера аналитичарите да се запрашаат и за влијанието/начинот на кој се тренира во клубот. 
Симон Сичко, левиот бек со функција на тешка артилерија настрада без фаул на дуелот со Гвардија Ополе во домашниот шампионат. Едноставно неговото колено, не го издржа отскокот и остана да се превиткува на теренот.

Денеска Келце ја потврди дијагнозата. Скинат патерален лигамент на левото колено. Повреда што мора да се санира со операција, а таа ќе биде извршена задутре во Барселона. 
Времето за рехабилитација варира од зависност на степенот на оштетување и ред други работи, но неретко кај професионален спортист до комплетна рехабилитација и враќањето на теренот под максимални оптоварувања, минуваат и до девет месеци. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk