Крај на сезоната за Куни Моралес

Поранешниот ракометар на Вардар, предвреме ја заврши сезоната и соработката со екипата на Загреб. 
Леворакиот кубански бек се повреди на натпреварот со Колстад во убавата престава на Загреб во Норвешка во претходното, 12 коло од ЛШ. 
Се покажа дека повредата на рамето е сериозна, ќе треба операција и за Моралес оваа сезона е веќе завршена. 
Нема да има враќање во Загреб и по рехабилитирацијата, како што веќе најавивме на g-sport.mk уште на почетокот на месецов, Куни Моралес следната сезона продолжува во Татабања, каде што ќе биде тандем на бековската позиција со еден бивш играч на Вардар (Кристијан Дизингер), со еден поранешен играч на Е. Пелистер (Матео Мараш), а ќе го тренира исто така екс тренер на Вардар (Драган Ѓукиќ). 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk