Митревски со 14 одбрани во победата на Порто

Португалскиот шампион Порто му го нанесе 13 пораз на словенечкиот првак Целје Пивоварна Лашко на натпревар што се играше во Драгао, а го судеше македонската судиска двојка Начевски и Николов. 
Капитенот на македонската машка репрезентација, Никола Митревски со 14 одбрани беше еден од најзаслужните за тесната победа од Порто од 32-30, на меч на кој Словенците беа рамноправни и во финишот имаа и нерешено (24-24), пред Порто одново да поведе со два гола разлика и да ја задржи таа дистанца до крајот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk