Кузмановски: Горд сум на соиграчите и публиката

Филип Кузмановски со девет постигнати гола беше најдобриот стрелец на битолчани во овосезонското финале на Лигата на шампионите во Битола.
Е. Пелистер го запиша 13 пораз, а со два бода дома се враќаат данските ѕвезди од екипата на Алборг. 

„Сакам да ѝ се заблагодарам на публиката што повторно дојде во толкав број и нè бодреше во текот на целиот натпревар. Немавме многу време за да се спремиме доволно за овој натпревар, бидејќи во меѓувреме имавме и тешки натпревари во плејофот.
Со играта „седум на шест“ сакавме да го спречиме нивниот брз центар и успеавме во тоа. Сега треба добро да се одмориме, и сите мисли да ги насочиме кон домашниот шампионат. И самите видовте дека во плеј-офот нема лесен противник, не треба никој да се потцени и затоа мораме да бидеме максимално спремни за секој натпревар.
Горд сум на момците што го издржаа ова напорно темпо и сигурен сум дека ќе продолжиме во ист стил и понатаму и ќе ја оствариме нашата зацртана цел“, изјави Кузмановски. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk