Младите репрезентации во ждрепка за ЕП

Младите македонски репрезентации, денеска ќе ги добијат противниците за летните ЕХФ Еуро првенства што ќе се играат во Словенија и во Црна Гора. 

М18 EHF EURO 2024 ќе се оддржи во Подгорица, Црна Гора во период од 7-18.8.2024, а машката кадетска селекција на Македонија е дел од четвртиот шешир во кој се уште селекциите на Романија, Грција, Израел, Украина и Италија.

Шешир 1: ШПАНИЈА; ГЕРМАНИЈА; ШВЕДСКА; ХРВАТСКА; ДАНСКА; ИСЛАНД;
Шешир 2: УНГАРИЈА; СЛОВЕНИЈА; ЦРНА ГОРА; ПОРТУГАЛИЈА; НОРВЕШКА; ФРАНЦИЈА;
Шешир 3: СРБИЈА; ФАРСКИ ОСТРОВИ; ПОЛСКА; ЧЕШКА; ШВАЈЦАРИЈА; АВСТРИЈА;
Шешир 4: ГРЦИЈА; МАКЕДОНИЈА; РОМАНИЈА; ИЗРАЕЛ; УКРАИНА; ИТАЛИЈА;

На М18 EHF EURO 2024 ќе настапат 24 репрезентации кои ќе бидат поделени во шест групи по четири селекции, а земјата организатор (Црна Гора) има право да ја избере групата во која ќе се натпреварува.

Младинското машко првенство М20 EHF EURO 2024 ќе се оддржи во Целје, Словенија во период од 10-21.7.2024 година. Машката младинска селекција на Македонија во зависност од извлекувањето ќе биде дел од третиот или четвртиот шешир.

Пред извлекувањето на учесниците по групи, ќе биде спроведено извлекување кои од трите федерации на Aвстрија, Чешка и Македонија ќе биде дел од шешир 3 а која селекција ќе биде во шешир 4, бидејќи трите национални селекции како победници на М18 ЕХФ шампионатите во 2022 година се рангирани на истата позиција.

Шешир 1: ШПАНИЈА; ШВЕДСКА; ГЕРМАНИЈА; УНГАРИЈА; ХРВАТСКА; ДАНСКА;
Шешир 2: НОРВЕШКА; ПОРТУГАЛИЈА; СЛОВЕНИЈА; ФАРСКИ ОСТРОВИ; ИСЛАНД; ЦРНА ГОРА;
Шешир 3: СРБИЈА; ФРАНЦИЈА; ПОЛСКА; ИТАЛИЈА; ТИМ*; ТИМ*;
Шешир 4: ТИМ*; УКРАИНА; ИЗРАЕЛ; ШВАЈЦАРИЈА; РОМАНИЈА; ГРЦИЈА;

ТИМ* - Австрија, Чешка, Македонија

На М20 EHF EURO 2024 ќе настапат 24 репрезентации кои ќе бидат поделени во шест групи по четири селекции, а земјата организатор (Словенија) има право да ја избере групата во која ќе се натпреварува.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk