ТРАНСФЕРИ: Конан, Кларица, Киреев, Гвардиола...

Не само што во тимот се врати Златко Хорват, Загреб ги израдува своите фанови и со веста дека Лука Кларица и Матеј Мандиќ потпишале нови договори и ќе останат во клубот најмалку до 2026.

Репрезентативниот дефанзивец на Монпеље, Карл Конан, следната сезона би требало да се пресели во редовите на шампионот Пари Сен Жермен.

Шампионот на Норвешка, Колстад задржа уште двајца норвешки репрезентативци. Свен Јоран Јоханесен и Магнус Гилдеруд потпишаа продолжување на договорите.
Магнус Род, заминува и ќе игра за ПИК Сегед.

Рускиот голман Виктор Киреев на лето заминува од екипата на Фуксе Берлин. Лисиците објавија дека сметаат само на двајца голмани, а третиот во млучајов е рускиот чувар на мрежата.

Шпанскиот дефанзивец Гедеон Гвардиола го раскина договорот со екипата на Ерланген од Германија за да се врати во Шпанија. Тој кариерата ја продолжува во екипата на Нава.

Хрватската репрезентативка Чамила Мичијевиќ ќе си оди од екипата на Париз 92 и следната сезона ќе настапува во романскиот шампионат, во екипата на Крајова. 

Шведската ракометарка Јени Карлсон заминува од редовите на францускиот тим Брест и следната сезона ќе настапува за црногорскиот шампион Будуќност. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk