Е. Пелистер без Тајник, Гедбан...

Бранко Ангеловски и Стефан Мадсен ги „заклучија“ составите на денешниот технички составон и одбраа екипа со која што вечерва ќе го одиграат претпоследниот меч од групната фаза на Лигата на шампионите, последен сезонава во Битола. 
Во составот на Е. Пелистер го нема Словенецот Тајник кој поради болест ќе го пропушти овој натпревар, а во ростерот за овој меч немаше место ниту за Цветан Кузманоски, Павле Атанасијевиќ и Калифа Гедбан. 
Во данскиот состав, недостасува само повредениот Рене Антонсен. 

Битола во прошталната вечер од Лигата на шампионите ќе може да ги види на дело Микел Хансен, Никлас Ландин, Хенрик Мелгард, Симон Халд, Кристијан Бјорнсен итн. Ѕвезди со педигре што тежи килограми злато освоени низ врвните натпреварувања на ЕХФ и ИХФ. 

ПЕЛИСТЕР: Лесјак, Манасков, Цехте, Пјеховски, Борзаш, Танкоски, Радивојевиќ, Кузмановски, Костески, Петровиќ, Петар Атанасијевиќ, Ѓорговски, Васиљев, Пешевски, Сери, Кизиќ

АЛБОРГ: Ландин, Нилсон, Ларсен, Бартолд, Арнолдсен, Нилсен, Халд, Норстејн, Хоксер, Ларсен, Влах, Бјорнсен, Мелгард, Јул, Хансен, Јакобсен

Натпреварот почнува во 20:45 часот, а ќе биде директно пренесуван на МТВ-3. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk