Микел Хансен и Ландин последни гости во Битола

Лигата на шампионите за која во Битола се чекаше цели 18 години, вечерва ќе го има своето финале во „Боро Чурлевски“. Во рамките на 13 коло, во градот на козулите се дојдени Микел Хансен, Никлас Ландин и другите скандинавски ѕвезди собрани во проектот Алборг на кој многупати со новинарското перо, односно фонт е испишан „дрим тим“. 

Резултатски првата ЛШ во Битола по 18 години мина (далеку) под очекувањата. Со 12 порази од 12 натпревари, македонскиот шампион Е. Пелистер го пречекува големиот фаворит, со надеж дека вечерва, или пак следната недела кога ќе гостува во Норвешка кај Колстад ќе успее да ја тргне нулата. 

За разлика од Е. Пелистер кому бодовите можат само малку да му го поправат имиџот, за Алборг бодовите од вечерашниот дуел имаат друго, поголемо значење. Данците се во трка со ПСЖ за второто место во групата кое носи директен пласман во 1/4 финалето и избегнување на непријатен дуел со екипи од типот на Висла Плоцк, ГОГ или Монпеље во евентуалното 1/8 финале. Во моментов, на две кола пред крајот, Алборг има бод предност пред ПСЖ и дуели со битолчаните вечерва и со Келце на домашен терен во последното коло. 

Натпреварот ќе се игра со почеток од 20:45 часот и ќе биде директно пренесуван на МТВ 3. 

 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk