Европска лига: Деби на Вујо, Кањелас против Лауге, каде да гледате?

Денеска се игра редовното коло од ЕХФ Европската лига, на програмата е претпоследното петто коло од Главната рунда.
На ТВ каналите на Арена Спорт што се емитуваат и во Македонија ќе можете да проследите три натпревари низ директен пренос.
Дебито на Веселин Вујовиќ на клупата на Нексе е закажано за 20:45 часот, мечот ќе се игра во Нашице. Претходно ќе можете да го следите дуелот меѓу Кадетен и Бјерингбро. Поранешниот вардаров бек Џуан Кањељас и едно од најубоитите крила во моментов, Один Тор Рикардсон против Расмус Лауге, Рене Тофт Хансен и другите дански ѕвезди кои можевме сезонава да ги видиме и во Скопје. 
Третиот меч, е гостувањето на Војводина кај моќниот Флензбург. 
На другите дуели се среќаваат следниве екипи: 

ДЕНЕСКА ОД 18:45
Флензбург - Војводина (ТВ Арена Спорт 2 Премиум)
Кадетен - Бјерингбро Силкеборг (ТВ Арена Спорт 2)
Констанца - Динамо Букурешт
Скјерн - Севехоф

ДЕНЕСКА ОД 20:45 
Нексе - Горење (ТВ Арена Спорт 2)
Хановер - РНЛ
Спортинг - Берлин
Жабже - Нант

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk