Шок за Келце: Тешка повреда на важен играч

Полскиот шампион Келце доживеа уште еден шок на вчерашниот натпревар со Гвардиа Ополе во домашниот шампионат. Иако средбата ја добија со убедливи 40-22, играчите и Талан Душебаев со наведнати глави излегоа од теренот.
Причината - Симон Сичко, стартниот бек на Келце и на репрезентацијата на Полска. 

Во 12 минута од натпреварот, Сичко се одрази за шут, но коленото на неговата лева одразна нога не го издржа скокот. Без никаков контакт со противнички играч, Сичко остана да лежи и да се превиткува на теренот, додека неговите соиграчи околу него се држеа за глава од непријатноста што ја донесе глетката. 
Симон Сичко на носилки беше изнесен од теренот и префрлен во болница од каде што стгинаа информации неколкукратна повреда на коленото и оштетување на лигаментите. 



Конечната дијагноза ќе биде наскоро, но сигурно овој 26 годишен лев бек ќе мора да паузира подолго време. За да биде белјата поголема, Келце не може да смета ниту на Артјом Каралек, Николас Турна, а уште не заиграл ниту Хасан Кадах... 

Поврзани вести