Вујовиќ на кормилото на Нексе?

Најсериозен кандидат за преземање на кормилото на хрватскиот вицепрвак Нексе е поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ, тврди Вечерњи лист.

Познатиот црногорски стратег во моментов е селектор на машката репрезентација на Иран со која сосема добро му оди на меѓународната сцена во рамки на квалитетот и статусот што го има овој спорт во земјата. 

Вујовиќ е доста популарен во Хрватска. Беше тренер на Загреб, а според анкетите најголемиот дел од Хрватите би сакале да го видат и на селекторската позиција. 
Тоа извесно нема да се случи, но клупата на Нексе е сериозен предизвик со оглед на добриот играчки кадар што беше склопен сезонава и битката со секогаш првиот Загреб, паралелна со желбата да се стигне со Ф4 на ЕХФ Европската лига. 

Обновено: Веселин Вујовиќ потврди за g-sport.mk дека ја презема новата функција.
„Ја преземав екипата на Нексе“, изјави Вујовиќ за g-sport.mk

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk