Играме со велесила, нема што да загубиме

Патот на Македонија кон Европското првенство во Австрија, Швајцарија и Унгарија што ќе се одржи во декември годинава, води и преку два дуела со репрезентацијата на Шпанија. 
Големиот фаворит во групата исто како и Македонија по две одиграни кола има четири освоени бодови и верува дека по дуелите со нашиот тим не само што ќе има обезбедено и математички пласман на ЕП, туку ќе го има и првото место во групата, а со тоа и место во првиот шешир при ждрепката за прелиминарниот дел на ЕП. 

Македонската репрезентација од вчера е на собира, а првите импресии пред оваа акција ги пренеса најискусната ракометарка, Елена Ѓоргиевска. 

„Не чекаат два натпревари кои се многу важни за нас, за напредок во ракометот, играме со една велесила како што е Шпанија. Среќна сум што после една пауза повторно сме заедно, се надевам дека ќе биде многу добро. Девојките се позитивни од првиот ден, што пак ветува дека ќе дадеме многу повеќе на дуелите“, изјави Елена Ѓоргиевска.

Првиот меч ќе се игра во „Борис Трајковски“ во Скопје на 29 февруари со почеток од 18:00 часот. Влезот е бесплатен. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk