Ова беше „црн“ викенд за фаворитите

Поразот на Вардар во Кавадарци е една коцка во мозаикот што неделава беше склопен низ Европа. Мозаик што може да го носи името “Црн викенд за фаворитите“. 

Екипата на Драма во шампионатот на Грција го совлада АЕК Атина со 29-26 и сега разликата меѓу второпласираниот АЕК и првопласираниот Олимпијакос е четири бода. АЕК има два пораза и едно реми, додека фаворитот за титулата Олимпијакос досега има само еден нерешен меч, сите други се победи. 

Екипата на Порто за која настапува македонскиот репрезентативец Никола Митревски запиша втор пораз по ред во домашното првенство. По минатонеделниот пораз од Бенфика, Порто вчера на домашен терен загуби од екипата на Брага (28-32). 

Францускиот Нант одигра нерешено на гостински терен (28-28) со екипата на Шарт. Нерешен резултат што најмногу му оди во корист на ривалот на Нант за второто место, тимот на Монпеље. 

Војводина не е до толку неприкосновена во шампионатот на Србија. Иако има најголеми шанси да ја освои/одбрани титулата, ривал има во Металопластика. Војводина гостуваше во Шабац, викендов, а натпреварот заврши без победник 29-29. 

 

Поврзани вести