Избегната сензација, Пелистер со повеќе нерви во финишот

E. ПЕЛИСТЕР - ОХРИД 31-27 (17-17)
Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Дејан Георгиевски и Димитар Георгиевски. Делегат: Душко Камишевски
Е. ПЕЛИСТЕР: Гедбан 1, Цехте 2, Пјеховски, Манасков 1, Борзаш 2, Танкоски, Радивојевиќ 5, Кузмановски 9, Костески, Петар Атанасијевиќ 2, Павле Атансијевиќ, Ѓорговски 4, Васиљев 1, Пешевски 4, Сери, Кизиќ
Седмерци: 5/7 Исклучувања: 12 мин.
ГРК ОХРИД: Ристевски, Ѓорѓески, Ојлески 7, Мацуока 2, Јукиќ 6, Стилевски, Пеледија 1, Тасески, Сафранко 3, Кукоски, Крстевски 2, Шешиќ, Орјоникидѕе 1, Бојаниќ 1, Цирар 4
Седмерци: - Исклучувања: 8 мин. 

Избегната е втората сензација за два дена. Вечерва Охрид 55 минути го контролираше резултатот во Битола, но на крајот се радуваа домашните играчи кои успеаја да изведат пресврт и да запишат важни бодови. 
Екипата на Охрид водеше во текот на целото прво полувреме. Уште од почетните 0-1, резултатот до последната минута беше во нивна корист. На моменти имаа два гола предност (4-2, 12-10, 13-11), најчесто беше само гол предност или нерешено (6-5, 8-8...), а полувремето да заврши егал (17-17) откако гостите водеа 16-14 во финишот. Во меѓувреме, црвен картон заработи Манасков, во 23 минута. 
Во вториот дел домашните поведоа 20-19, Марко Кизиќ имаше одлична двојна одбрана, со која ја разбуди салата и за момент ги крена домашните кои имаа и напад за плус два, но одбрани и на спротивната страна голманот на Охрид, а потоа се вратија во егал гостите и одново го контролираа резултатот, односно имаа гол предност.
Во 44 минута Охрид поведе со два гола разлика 23-21, со гол на празна мрежа додека домашните имаа исклучен играч, по што тренерот Бранко Ангеловски побара тајм аут. 
Имаа два напада за плус три охриѓани по 45 минута и не успеаја да ги реализираат пред Васиљев да намали на 22-23. Домашните израмнија во 50 минута. Ѓорѓески одбрани, но одбиената топка дојде до Петар Атанасијевиќ кој стрелаше за 24-24.
Пелистер поведе во 55 минута од пенал, потоа успеа да се одбрани и да дојде до 27-25 во 56 минута. 
Потоа поведе и во 58 минута со 28-26, а успеа во транзиција да организира добар напад гостинскиот тим, но претходно беше пресечен со тајм аут на тренерот Алушовски. Во продолжение беше одиграно за чиста позиција, но најдобриот стрелец на гостите, Гоце Ојлески не успеа да го совлада Марко Кизиќ. 
Следеше гол за 29-26 и крај на надежите на охридскиот тим. 
Потоа резултатот беше „нашминкан“ до конечните 31-27. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk