Женската репрезентација од денеска на собир

Женската репрезентација на Македонија денеска го имаше првиот собир во пресрет на третото коло или втората рунда од квалификациите за ЕП 2024.
Македонија по почетните победи над Литванија и Азербејџан се наоѓа во многу добра позиција за да обезбеди пласман на следното ЕП. Од групата во која се натпреварува, две репрезентации одат директно на ЕП, а третопласираната има  шанса како една од четирите најдобро третопласирани од вкупно осум. 



Следните два меча се најтешките и се против репрезентација од првиот шешир - Шпанија. Нивниот селектор, Мартин Амброс, состави екипа во која се враќа и Александрина Барбоса и го има на располагање најсилниот тим. Тие се големите фаворити за првото место, но Македонија на овие две средби нема што да загуби. Натпреварите со Шпанија ќе бидат показател за вистинската сила на нашиот состав и шанса да видиме големи имиња во Скопје.
Главното треба да следи во последната фаза од квалификациите кога одново ќе играме со Литванија и Азербејџан и тогаш ќе го верификуваме пласманот на ЕП, прв обезбеден преку квалификации по 12 години. 

Првиот меч со Шпанија ќе се игра во Скопје на 29 февруари со почеток од 18:00 часот во „Борис Трајковски“. Влезот ќе биде бесплатен. 

3 КОЛО
Македонија - Шпанија (29.2.2024)
Азербејџан - Литванија (28.2.2024)
4. КОЛО
Шпанија - Македонија (3.3.2024)
Литванија - Азербејџан (3.3.2024)
 
1.
220085:324
2.
220071:454
3.
200242:780
4.
200235:780

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk