Мега Бундес дерби - каде да гледате?

Најсилната светска лига, Бундеслигата е во полн замав. Шампионот Кил годинава е далеку од тронот, но други звучни екипи јуришаат кон пехарот. Две од нив, се среќаваат денеска и ќе го дефинираат изгледот на врвот на табелата. 

Симон Питлик, Јим Готфридсон, Бенјамин Буриќ на една страна, Матијас Гидсел, Дејан Милосављев, Ханс Линдберг на друга. 
Третопласираниот во Бундеслигата Флензбург во улога на домаќин, лидерот Фуксе Берлин како гостин. Доволно за неделното попладне да биде резервирано за дерби за секој ракометен фан. 
За македонската публика, откако го видовме на дел во Елефсен а Скипаготу во Кил, сега ќе биде интересен настапот и на Хакун Вест Ав Тајгум, крилото на Фарски острови кои игра за Берлин, доколку добие минутажа во однос на легендарниот Ханс Линдберг. 
Овој натпревар ќе можете директно да го следите на каналот TV Sport Club 1 што се емитува и во Македонија, со почеток од 14:55 часот. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk