Охрид денеска на дерби во Битола

Третото суперлигашко коло ќе биде заокружено денеска со дерби мечот што ќе се игра во Битола, а ќе гостува екипата на ГРК Охрид.
Инспирација плус за двата тима денеска ќе биде и вчерашниот пораз на Вардар 1961, односно победата на ГРК Тиквеш кој покажа дека Вардар 1961 е ранлив, а ГРК Тиквеш поопасен отколку што се мислеше. 
Несомнено тој резултат е „хајллат“ на колото и ќе има влијание врз натамошните натпреври и изгледот на табелата, но денеска има и второ дерби на кое Охрид ќе има шанса да покаже од што се и тие направени и колку се кадарни да се носат со фаворитите во шампионатот. 
Два тешки меча се пред тимот на Стевче Алушовски. Денеска во Битола против Е. Пелистер, а во следното коло на домашен терен го пречекуваат Алкалоид. 

Натпреварот меѓу Е. Пелистер и Охрид е закажан во 18:00 часот. 


 
П ЕКИПА Н П Р И ДГ ПГ ГР Б
1 РК Алкалоид 3 3 0 0 80 64 16 12
2 РК Е. Пелистер 2 2 0 0 55 45 10 8
3 ГРК Охрид 2 2 0 0 61 53 8 8
4 ГРК Тиквеш 2014 3 2 0 1 79 71 8 7
5 РК Вардар 1961 3 1 0 2 73 67 6 6
6 РК Пролет 62 3 1 0 2 55 72 -17 3
7 РК Бутел Скопје 3 0 0 3 71 80 -7 1
8 РК Струга 3 0 0 3 71 96 -24 0

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk