Вардар падна во Кавадарци!

ГРК ТИКВЕШ - ВАРДАР 1961  22-20 (11-10)
Сала: „Јасмин“ во Кавадарци: Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Делегат: Ацо Николовски
ГРК ТИКВЕШ: Гемљаевиќ 1, Велков, Анастасовски, Лазов, Мојатовиќ 2, Темелкоски 4, Соколов, Стефановиќ 1, Гачевиќ, Лазов, Манасков 2, Шулески, Коцев 1, Симиќ 1, Мајиќ 3, Обина 7
Седмерци: 3/4 Исклучувања: 10 мин. 
ВАРДАР 1961: Томовски, Јагуриновски, Стоилов, Аларов, Георгиевски 1, Карапалески 3, Ансер, Бакар 2, Лазаревски 1, Срдановиќ 5, Николиќ, Ѓукиќ 5, Стојановски, Ќосевски, Мишевски 1, Гогов
Седмерци: 6/7 Исклучувања: 10 мин.  

Дека Плејоф шампионатот во годинешното првенство ќе биде непредвидлив и тежок за сите екипи, особено фаворитите беше повеќепати повторувано. Вечерва имавме практичен пример. Екипата на ГРК Тиквеш, препородена со Раде Стојановиќ на клупата минатото коло за малку испушти сензација во Автокоманда, но затоа вечерва им приреди ноќ за паметење на своите навивачи.

Првата плејоф сензација се случи вечерва во Кавадарци. Вардар 1961 го положи оружјето пред борбениот кавадаречки тим. Конечниот резултат е 22-20 за домашниот состав. 
Средбата беше израмнета во текот на сите 60 минути, но првите знаци дека Тиквеш може до сензација се појавија кога по 15:15, домашните поведоа со 17:15, потоа со 19-17 и на крајот со 21-18.
Во последните три минути Вардар очајнички се обидуваше да намали, но нападот не беше на потребно ниво, за разлика од голманот на кавадарчни Марјан Велков кој одбрани два многу важни шута, кои пак, на крајот на Тиквеш му донесоа голема победа. 
 
П ЕКИПА Н П Р И ДГ ПГ ГР Б
1 РК Алкалоид 3 3 0 0 80 64 16 12
2 РК Е. Пелистер 2 2 0 0 55 45 10 8
3 ГРК Охрид 2 2 0 0 61 53 8 8
4 ГРК Тиквеш 2014 3 2 0 1 79 71 8 7
5 РК Вардар 1961 3 1 0 2 73 67 6 6
6 РК Пролет 62 3 1 0 2 55 72 -17 3
7 РК Бутел Скопје 3 0 0 3 71 80 -7 1
8 РК Струга 3 0 0 3 71 96 -24 0

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk