Прва плејоф радост за Пролет

Тинекс Пролет стигна до првата победа во плејофот откако во рамките на третото коло вечерва славеше над Бутел Скопје со 20-18.
Добрата игра во одбраната беше клучот за победата, особено на стартот од второто полувреме кога беше направена клучната разлика која на крајот беше материјализирана во три бода.

Првиот дел заврши со малку голови, 8-8, а иако со двајца ракометари помалку, Тинекс Пролет го реализираше првиот напад во второто полувреме и преку Димов поведе со 9-8.
Нервозата што настана во домашниот тим кој не се сложуваше со судиски одлуки уште повеќе ги разгоре страстите и ги мотивираше домашните ракометари кои поведоа и со 12-8. Бутел првиот гол во вториот дел го постигна дури во 38. минута, намалувајќи на 12-9. 
Времето минување, но Бутел успеа да ја преполови негативата на 17-15. Искусниот Доне Мајнов погоди во вистински момент стрелајќи прецизно за 18-15, Бутел се обиде со нешто поагресивна одбрана да се врати, но Палевски ја запечати заслужената победа на Тинекс Пролет, на крајот изразена со конечните 20-18.
 
П ЕКИПА Н П Р И ДГ ПГ ГР Б
1 РК Алкалоид 3 3 0 0 80 64 16 12
2 РК Е. Пелистер 2 2 0 0 55 45 10 8
3 ГРК Охрид 2 2 0 0 61 53 8 8
4 ГРК Тиквеш 2014 3 2 0 1 79 71 8 7
5 РК Вардар 1961 3 1 0 2 73 67 6 6
6 РК Пролет 62 3 1 0 2 55 72 -17 3
7 РК Бутел Скопје 3 0 0 3 71 80 -7 1
8 РК Струга 3 0 0 3 71 96 -24 0

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk