Прилеп направи уште еден чекор кон опстанок

РК ПРИЛЕП - РК МУЛТИ ЕСЕНС  34:31 (18:16)
Сала: „Ристе Ристевски - Ричко“ во Прилеп. Судии: Глиго Ќаев и Спаско Ќаев. Делегат: Камер Металари
РК ПРИЛЕП: Ацевски, Кастратовиќ 8, Рајатоски 4, Бикоски 2, Ангелески, Велески 1, Органџиев 2, Бурчески, Лозаноски, Цветаноски 5, Шабановиќ 6, Левани, Квастек 3, Трајкоски 2, Трајчевски, Андраде 1
Седмерци: 3/3 Исклучувања: 8 мин.
РК МУЛТИ ЕСЕНС: Ерманоски, Димевски 1, Костовски 1, Илиески 4, Насевски, Д. Узунчев 10, Петрески, Трајчев, Омерагиќ 3, Трајковски, Иваноски 4, Тодески, Т. Узунчев, Ј. Трајковски, Јорданов 2, Стојчевиќ 6
Седмерци: 4/6 Исклучувања: 8 мин. 

Лидерот на плејаут шампионатот, екипата на Прилеп ја продолжи победничката серија и вечерва, на дуелот со екипата на Мулти Есенс. За младиот скопски тим ова беше тешко гостување кај лидерот, но одиграа борбен натпревар кој резултатски беше рамноправен, а средбата неизвесна до последните десет минути. 

РК Прилеп предводен од странските играчи Кастратовиќ и Шабановиќ го диктираше резултатот, но средбата беше во егал  сѐ до нерешениот резулат 25-25. По ова прилепчани успеаја да направат серија од 4:0 и да поведе 29-25, по што успеа на крајот и да ја задржи таа разлика и да ги освои бодовите. 

Димитар Узунчев со 10 постигнати голови беше најефикасниот играч во редовите на гостинскиот состав, воедно и на мечот додека Кастратовиќ со осум гола најдобар стрелец во победничкиот тим. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk