ИХФ повторно ќе бира играч на годината

Еден од најлошо реализираните избори за „нај“ на годината беше изборот на ИХФ за најдобри светски играчи. Номинациите, начинот на гласање итн. од самите почетоци во кои само читателите на ВХМ магазинот можеа да гласаат, преку можноста фановите да пресудат, па до откажувањето на изборот во 2017 и 2020, сѐ имаше своја тежина во неуспешниот модел кој, конечено, престана да функционира по изборот во 2021. 

Сега ИХФ одново го враќа изборот на играч на годината, но во поинакво издание со друг модел на гласање што ќе треба да биде пореален од досегашните.
Фановите одново ќе имаат право на глас, но нема да можат да ги надгласаат жири комисиите. Во двете недели предвидени за гласање фановите ќе обезбедат само 1/3 од гласовите. Другите 2/3 третини ќе бидат гласови на селекторите кои воделе репрезентации на СП и на членови на Комисија на ИХФ.

Номинирани се по три играчи во категорија, а за 2023 изборот изгледа вака:

ЖЕНИ
Естел Ензе Минко (Франција)
Хени Рајстад (Норвешка)
Лин Блом (Шведска)

МАЖИ: 
Матијас Гидсел (Данска)
Лудовик Фабрегас (Франција)
Анди Волф (Германија)



 

Поврзани вести