-
23.02.2024
-
Вести, Актуелно
Македонската машка сениорска репрезентација на 16 март ќе игра контролен натпревар во Романија со соодветниот домашен тим.
Романија за овој меч ќе има нов селектор, откако Георге Буричеа го замени Хавиер Пасквал, а ќе има и нов голман откако иранскиот интернационалец Сејед Херидерерад доби дозвола од ИХФ да го смени националниот тим и да настапува за тимот на Романија.
Романската федерација за град домаќин на овој дуел го одбра градот Браила што се наоѓа околу 840 километри од Скопје, односно нешто повеќе од 200 километри на северо-исток од Букурешт, во правец кон Црно Море.
Ракометниот клуб што се натпреварува во женска конкуренција од овој град, за 2024 година доби буџет од 4 милиони евра и е четврти на таа скала во Романија зад ЧСМ, Рапид и Бистрица. Популарноста и заинтересираноста за ракомет, сигурно ќе се зголеми и со гостувањето на машката репрезентација.
Претседателот на романската федерација, Константин Дин, во репортот за делегатите и медиумите во Романија, за дуелот со Македонија изјави:
„Сите билети за натпреварот во Браила веќе се продадени“, изјави Дин.
Целиот амбиент создаден во Романија ќе биде нешто сосема поинакво од есенските, па и јануарските контроли што Македонија ги играше со Грција. Иако пријателски, со сала распродадена за миг, на еден месец пред натпреварот, Кирил Лазаров пододбро да ги подготви своите избрани играчи за дуел што ќе ги има сите атрибути на официјален натпревар.
Ден пртходно, би требало да се одигра уште еден меч, но со оглед на тоа дека не се споменува, треба да биде од затворен тип.
Поврзани вести