СУПЕРЛИГА: Плејоф викенд со два дерби меча

Викендов пред нас во понудата ќе има два плејоф дерби натпревари и ќе биде продолжение на натпреварите од претходните две кола на кои фаворитите ќе бидат пред предизвици на кои ќе мораат да ги испотат дресовите и добро да внимаваат да не се лизнат уште во оваа рана фаза од шампионатот. 

Актуелниот шампион, Е. Пелистер само два дена по враќањето од Кил каде што играа Лига на шампиони, на свој терен ќе го пречекаат тимот на ГРК Охрид, засилен и со повисоки амбиции од досега. 

ГРК Тиквеш, пак, по доброто издание во „Автокоманда“, сега на свој терен има сличен предизвик, а доаѓа екипата на Вардар 1961. Оваа средба ќе се игра утре со почеток од 19:00 часот. 
РК Алкалоид во третото коло гостува во Струга, а во скопската населба Пролет доаѓа тимот на Бутел Скопје. 

Во Плејаут шампионатот, сите три средби ќе бидат интересни и секој од нив може да се покаже решавачки за натамошниот развој на настаните и пласман на екипите. 



 
П ЕКИПА Н П Р И ДГ ПГ ГР Б
1 РК Алкалоид 2 2 0 0 48 42 6 9
2 РК Е. Пелистер 2 2 0 0 55 45 10 8
3 ГРК Охрид 2 2 0 0 61 53 8 8
4 РК Вардар 1961 2 1 0 1 53 45 8 6
5 ГРК Тиквеш 2014 2 1 0 1 57 51 6 4
6 РК Бутел Скопје 2 0 0 2 53 58 -5 1
7 РК Струга 2 0 0 2 49 63 -14 0
8 РК Пролет 62 2 0 0 2 35 54 -19 0







 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk