Пелистер без шанси против Кил

КИЛ - Е. ПЕЛИСТЕР 29-23 (19-10)
КИЛ: Беласен, Дувњак 1, Рајнкинд 1, Ландин 1, Оверби, Вајнхолд, Мрква, Винцек 2, Екберг 3, Јохансон, Дамке 2, Валиниус 2, Билик 3, Пекелер 1, Скипаготу 8, Гурбиндо 4
Седмерци: 2/3 Исклучувања: 2 мин.
Е. ПЕЛИСТЕР: Лесјак, Кизиќ, Радивојевиќ 6, Пешевски 4, Манасков 3, Цехте 3, Кузманоски 1, Тајник, Пјеховски 1, Борзаш, Танкоски 1, Ф. Кузмановски 3, Петровиќ, Ѓорговски 1, Павле Атанасијевиќ
Седмерци: 4/4 Исклучувања: 4 мин. 

Германскиот шампион Кил го совлада Е. Пелистер и му го нанесе 12 пораз од исто толку одиграни натпревари во Лигата на шампионите. 
Резултатот е очекуван, битолчани на крајот можат да бидат и „задоволни“ што вака се расплете натпреварот, затоа што како почна, на повидок беше фијаско со многу поголеми размери.

Кил ги контролираше сите аспекти на натпреварот, а мечот го почна амбициозно и на дело ја демонстрираше разликата не само во квалитетот, туку и во стилот на играта што се негува во Германија и тоа што како стил на македониски ракомет го игра најсилниот наш клуб. 
Кил доминираше, поведе 6-1, а момент што треба да го забележиме е што одбраната на нашиот тим уште во првиот бран по само неколку проигрувања ја пробиваше Елефсен а Скипаготу, играч со кого и репрезентацијата ќе си има работа во мај. 
Скипаготу имаше 6/7 во првиот дел разликата се искачи на десет гола разлика, а на полувреме беше 19-10.

Филип Јиха на стартот на вториот дел во игра ги уфрли Дувњак и Јохансон и играта сосема се смени. Го снема првиот бран, а Јохансон влезе во серија од технички грешки и битолчани конечно можеа и да ја играат својата игра. 
Урбај Лесјак влезе во добра серија на одбрани, Филип Кузмановски имаше некои добри потези, а грешките на Кил беа казнети со лесни голови што во првиот дел ги немаше и Е. Пелистер намали и на пет гола разлика, добивајќи го чисто вториот дел. 
Јиха по 12 минути ја промени поставата, почнаа поголеми ротации, речиси сите добија минутажа, а Ангеловски исто така во игра ги имаше и Ѓорговски и Танкоски, па средбата беше таква каква што очекувавме да биде во текот на целиот меч, не само во второто полувреме. 

На крајот и Кил задоволен со двата бода и Е. Пелистер треба да биде задоволен со второто полувреме. Сите други, треба да бидеме свесни дека во мај со ваков Скипаготу можеме да имаме многу проблеми во бараж квалификациите. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk