Бешикташ носи и втора ѕвзеда?

Турскиот Бешикташ повторно покажува волја и напредок и очекуваме во брзо време да го достигне нивото кое го имаше своевремено или да речеме пред корона.
Црно-белите потпишаа договор со Седрик Сориндо, францускиот ветеран, беа елиминирани од ЕХФ Куп во 1/8 финалето, а сега во центар на шпекулација за ново познато име кое би дошло во нивните редови. 

Се работи за ракометар добро познат и кај нас. Едуардо Гурбиндо, леворакиот шпански бек кој играше кратко во Вардар, потоа се врати во Динамо Букурешт од таму направи трансфер во Кил, па ќе го гледаме и вечерва против Е. Пелистер. 

Но, во Кил на лето доаѓа младата суперѕвезда Емил Мадсен, па ќе има извесни ротации и промени во тимот. Доколку Гурбиндо биде тој што ќе замине, тогаш не би било чудно и да премине во Истанбул. Но, Гурбиндо е еден од играчите кои стана миленик на шпекулациите (се веруваше дека се договорил со Алкалоид, дека ќе се врати во Вардар...) па ќе ја водиме како шпекулација веста додека не добие потврда или демант. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk