Пјеховски денеска ќе дебитира за Е. Пелистер

Полскиот пивот Матеуш Пјеховски кој неодамна потпиша за македонскиот првак Е. Пелистер, вечерва прв пат ќе го видиме на терен во дресот на битолскиот состав. 
Пјеховски е пријатен за натпреварот од Лигата на шампионите со Кил, што ќе се игра во Германија, попладнево од 18:45 часот. Русинот Денис Васиљев од друга страна, пак, не е во тимскиот ростер за овој натпревар. 

Во тимот го нема и алжирскиот голман Калифа Гедбан за кој вчера беше официјализирано дека на лето заминува од Битола и ќе брани во бундеслигашката екипа Ерланген. Голманското дуо на Пелистер е Лесјак - Кизиќ. 

На позицијата лево крило, овој пат се Манасков и Кузманоски, а во составот не е Петар Атанасијевиќ. 

Вака изгледаат комплетните состави за денешниот натпревар. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk