Уште еден Хрват во Келце?

Полскиот шампион Келце рано годинава го ангажираше унгарскиот репрезентативец Доминик Мате од Пари Сен Жермен.
Но, еден од проблемите што можат да се појават кога се купува играч шест месеци порано, е што тој играч може и да се повреди во меѓувреме, а таков беше случајот со Доминик Мате. 
Унгарецот се повреди за време на ЕП, но постојат заштитни клаузули во договорите во вакви случаи, па Келце размислува за раскин на договорот со Мате и ангажман на нов десен бек кој првенствено ќе има улога да го менува и одмора неприкосновениот на таа позиција - Алекс Душебаев. 

Потрагата по втор десен бек, замена за повредениот Унгарец, ги носи во - Унгарија. Во екипата на Пик Сегед има вишок десни бекови, тимот комплетно ќе се ремнонтира на лето, а се чини дека таму веќе нема да има место за своевремено најголемиот хрватски талент - Лука Степанчиќ. 

Шпекулациите се дека Келце, тим во кој редовно има играчи од Хрватска, „фрлил“ око на леворакиот бек на ПИК Сегед, па останува да причекаме за официјална потврда или пак демант. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk