Романија натурализираше голман

Кога македонската сениорска репрезентација ќе истрча на терен на 15 март против Романија, противникот во своите редови покрај нов селектор ќе има и тројца натурализирани играчи. 
Покрај Хавиер Хумет и Анте Кудуз, за романската репрезентација право за настап денеска доби и голманот од Иран, Саид Хеидарирад, инаку чувар на мрежата на Динамо Букурешт.
Светската ракометна федерација ги извести Романците дека Хеидарирад ги исполнува пропишаните услови (три години пауза од последниот настап за претходната репрезентација и три години последователно живеење во Романија) и дека има право веднаш да настапи за новата репрезентација. 

Иако македонските голгетери први ќе го тестираат новиот репрезентативец, Романците не го натурализираа Хеидарирад за дуелите со Македонија, туку за дуелите што следат во мај. Тогаш во бараж натпреварот за пласман на СП 2025 Романија ќе се сретне со репрезентацијата на Чешка. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk