Добри вести: Стефан Додиќ ќе биде во ред

Прилично вознемирувачки беа вестите што РК Војводина ги пласираше во јавноста околу здравствената состојба на ракометарот Стефан Додиќ. Вест на која не беше рамнодушна и дел од македонската ракометна јавност, имајќи предвид дека момчето што треба да биде предводник на Србија во следните 10 години, ракомет научи да игра во Македонија. Поточно во „Автокоманда“ каде што неговиот татко неуморно, пример за не за поединци туку генерации, секој ден по училиште го носеше од Врање во Скопје за да може да тренира кај Лино Червар во Металург. 
Стефан Додиќ подоцна остана во Металург, па играше за Охрид и Вардар пред да оди во втора меѓународна авантура, во Келце. Натаму приказната веруваме е позната, тој преку Загреб и Целје заврши во Војводина од каде дојдоа вознемирувачки вести дека преку ноќ загубил 30% од квадрицепсот. 

Денеска ретерираат од Нови Сад и велат дека излегле со пресилни изјави. Ситуацијата не е толку драматична и не само што кариерата не му е доведена во прашање, туку на терен го очекуваат за 15-20 дена. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk