ЛШ ДЕНЕСКА: Загреб и Колстад во клинч, каде да гледате?

Денеска почнува 12 коло од најелитното клупско натпреварување на ЕХФ, Лигата на Шампионите. Ќе се играат четири натпревари, два од нив ќе можете да ги следите директно преку каналите на ТВ Арена што се емитуваат и во Македонија.
Резултатаски најинтересниот меч ќе се игра во Норвешка, каде што гостува екипата на Загреб. Овие два тима се во жестока битка за последното место што води во разигрувањето. 
На нивната прва пресметка, таа што се играше во Загреб, Колстад претрпе еден од највисоките порази (20-31), но Сандер Сагосен и „екипата“ сигурно ќе имаат што да кажат денеска пред своите гледачи. 

Европскиот шампион гостува кај Целје, екипа што како утеха за македонскиот ракомет ја гледаме во ЛШ, затоа што е единствената покрај нашиот Е. Пелистер (утре гостува кај Кил) што во својот скор има запишано 11 порази од 11 натпревари. 


ДЕНЕСКА ОД 18:45 ЧАСОТ
Алборг - Сегед
Целје - Магдебург (ТВ Арена Спорт 3 Премиум)
Колстад - Загреб  (ТВ Арена Спорт 2)
ДЕНЕСКА ОД 20:45 ЧАСОТ
Висла Плоцк - Монпеље
 
1.
11722320:30716
2.
11623331:29314
3.
11533321:30913
4.
11614333:32513
5.
11614315:31813
6.
11425289:28910
7.
11416311:3099
8.
110011255:3250

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk