Штрлек „трагичар“, Војводина настрада, Кошта пред Гидсел

Горење и Нексе (Касим Каменица на клупата) одиграа возбудлив меч што заврши со поделба на бодови, а средбата ја судеа македонските арбитри Митревски и Тодоровски. 
Нексе почна одлично, поведе 6-1, но Словенците малку по малку се враќаа во игра. Во финишот, со играч помалку во поле, Горење со гол од цепелин успеа да израмни, потоа Мануел Штрлек промаши и имаше и напад за победа домашниот тим, но не успеа да изведе квалитетен шут.

Флензбург почна доминантно во Нови Сад, во првите 10 минути го скри својот гол од напаѓачите на Војводина и поведе 4-1. Но, не беа мнофу фокусирани во напад, Трнавац бранеше добро, Петар Ѓорѓиќ играше одлично и Војводина се врати во егал. Но, ротацијата, ритамот го направија своето и во вториот дел Флензбург комплетно ги разби домашните и победи со 10 гола разлика.

Во Макс Шмелинг Хале во Берлин се сренаа двајцата најдобри стрелци на ЕП 2024. Матијас Гидсел сега во дрес на Берлин и Мартим Кошта како играч на Спортинг. Овој дуел, а и мечот го доби Мартим Кошта. Тој постигна 12 гола спрема 8-те на Гидсел, а Спортинг славеше победа од 32-31. 

Во дуелот меѓу бившиот и новиот селектор на Романија, за 10 гола поуспешен беше екс селекторот Хавиер Пасквал кој со својот Динамо Букурешт ја декласираше Констанца (33-23). 

Шведскиот Севехоф, за кого (одлично) игра репрезентативецот на Фарски острови, Оли Митун загуби од данскиот Скјерн 27-29. Митун по подолго време не беше прв стрелец на тимот, а постигна четири гола. 

РЕЗУЛТАТИ:
Бјерингбро Силкеборг - Кадетен 36-30
Динамо Букурешт - Констанца  33-23
Берлин - Спортинг  31-32
Горење - Нексе 27-27
Севехоф - Скјерн  27-29
Војводина - Флензбург 26-36

ДЕНЕСКА ОД 20:45 
Горњик Жабже - Нант
Рајн Некар - Хановер (TV Arena Sport 1)

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk