Македонија од втор шешир кон ЕП 2026

Машката репрезентација на Македонија во квалификациите за ЕП 2026 ќе стартува како репрезентација од вториот шешир и ќе избегне низа сериозни противници кои се слични по квалитет, дел од нив и подобри од нас во моментов. 
Репрезентациите се поделени во четири шешири со по осум екипи од кои ќе бидат формирани осум групи со по четири репрезентации.
На ЕП што ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка во 2026 година ќе се пласираат двете првопласирани и четири најдобро третопласирани* (предви се земаат само резултатите со првите две во групата). 

Македонија од својата стартна позиција е во добра положба за остварување на уште еден успех, пласман на големо натпреварување. Но, има и во послаборангираните шешири сериозни репрезентации како што се Швајцарија, Романија, Грузија... 

Ждрепката ќе се одржи на 21 март во Копенхаген. 

1 ШЕШИР:
Германија, Шпанија, Унгарија, Исланд, Хрватска, Словенија, Португалија, Холандија
2. ШЕШИР:
Австрија, Ц. Гора, Србија, Полска, Чешка, Македонија, Ф. Острови, Грција
3. ШЕШИР:
БиХ, Словачка, Белгија, Швајцарија, Романија, Литванија, Украина, Италија
4. ШЕШИР
Финска, Израел, Естонија, Грузија, Турција, Луксембург, Косово, Летонија
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk