Второ селекторско „не“ за Србија

Откако претседателката на Ракометниот сојуз на Србија, Милена Делиќ во интервју изјави дека нејзината прва желба за селектор на машката репрезентација, Љубомир Врањеш ја одбил понудата, српските медиуми јавуваат за уште едно „не“ што Делиќ го добила како одговор. 

Наводно, еден од најпознатите српски играчи во последните 15 години и во моментов тренер на унгарскиот шампион Веспрем, Момир Илиќ, ја одбил понудата да стане селектор на Србија. 

Србија на ЕП 2024 играше во групата со Исланд, Унгарија и Црна Гора и со три порази го заврши настапот на четвртото место. Тоа беше доволно за да заврши соработката со првиот селектор-странец, Тони Херона. Последиците од овој настап можат и веројатно ќе бидат подолгорочни, затоа што Србија како екипа од вториот шешир во бараж квалификациите за СП 2025 за противник ја доби репрезентацијата на Шпанија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk