Младинците ќе се тестираат со Хрватска

Машката младинска репрезентација на Македонија (М20), ќе ја искористи Неделата на ЕХФ за тестирање на моменталната форма на два контролни натпревари со врсниците од репрезентацијата на Хрватска. 

Двата дуела ќе се играат во Македонија, на 15 и 16 март во Скопје. Очекуваме наскоро селекторот Раде Стојановиќ да го објави и списокот на ракометари на кои ќе смета во оваа подготвителна фаза пред настапот на М20 ЕХФ Еуро во Словенија. 

Македонските М20 ракометари на 29 февруари ќе ги дознаат и противниците за Прелимнарната рунда на ЕХФ Еуро. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk