Шпанскиот пивот си оди од шампионот

Корпулентниот шпански пивот Лиса Чапчет (22 год, 186/86), реши да го напушти трикратниот европски шампион Вајперс Кристијансанд на крајот на сезоната. 
Оваа ракометарка е родена во Камерун, а игра за репрезентацијата на Шпанија и ќе ја гледаме и против Македонија во претстојните квалификации за ЕП 2024 што ќе се играат за десетина дена. 

Норвешкиот клуб сакаше да ја задржи Чапчет затоа што постгина неколку многу важни голови минатата сезона, но таа ги информирала дека на лето заминува. Кој ќе биде нејзиниот следен клуб, наскоро ќе дознаеме. 

Ако не знаевте: Лиза Чапчет има помлада сестра, Линди Чапчет која има 19 години и ќе ја гледаме во Скопје на Светското јуниорско првенство што ќе се игра во јуни годинава. И Линди како и Лиза игра на позицијата пивот и е „поголема“ од својата постара сестра (186/103).  Во моментов игра во шпанската екипа Бера Бера од Сан Себастијан. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk