Потпиша во Кувајт и си седи по дома

Аргентинскиот ветеран Фредерико Пизаро на 37 годишна возраст доби понуда од Кувајт и тоа изгледаше како убава можност пред ракометната пензија да го збогати банковното салдо со некои си петцифрени бројки. 

Фредерико Пизаро го раскина договорот, потпиша нов договор со екипата на Ал Фахел и на 1 февруари се збогуваше со своите соиграчи од шпанската Куенка, спремен да оди на блискоисточна авантура. 

Три недели подоцна Пизаро и натаму е во Шпанија, сметките што му ги плаќаше клубот си ги плаќа сам и чека - виза. 
Но, прашање е дали ќе ја дочека затоа што претседателот на кувајтскиот клуб не сака да контактира со неговиот менаџер, не му одговара на пораките и одбил да го прими на состанок. 

Пизаро сега помош бара од ИХФ и преку социјалните медиуми ја информира јавноста за несериозноста, непрофесионалноста на другата страна и проблемите што си ги натовари на врат. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk