Ѓ. Петров донесе бразилско засилување

Екипата на ЖРК Ѓорче Петров во продолжението на сезоната и за настапите во 1/4 финалето на ЕХФ Европскиот Куп ќе биде засилена со бразилскиот десен бек Талита Алмеида (25), ракометарка на клубот од Санта Катарина. Договорот е на една и пол сезона доколку сѐ биде во ред, ќе ја гледаме и наредната година во македонскиот шампионат.



За бразилската ракометарка трансферот во македонскиот тим е прв интернационален предизвик. Таа е новопечена бразлска репрезентативка, а првиот повик за националниот тим го доби во јануари, за тренинг сесија и настап на пријателски турнир во Португалија. 

ЖРК Ѓорче Петров во март ќе игра два меча со шпанската екипа Елче во рамките на 1/4 финалето на ЕХФ Европскиот Куп. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk